Mission Europe – Mission Berlin | Учење германски | Deutsche Welle cover logo

Mission Berlin 22 – Време е за акција

5m · Mission Europe – Mission Berlin | Учење германски | Deutsche Welle · 20 Jun 16:04

Ана пристигнува во Берлин во 1989 година, каде што се слави падот на Берлинскиот ѕид. Таа мора да се пробие низ толпата луѓе и да ја пронајде футролата. Дали ќе успее? Кога Ана сака да отпатува кон 1989 година, се појавуваат моторџиите со црни шлемови. Жената во црвено им наредува да ја пронајдат Ана и да ја донесат жива! Сепак, Ана со временската машина успева навреме да се врати на денот на падот на Берлинскиот ѕид. Таа повторно се наоѓа сред толпата луѓе кај Бранденбуршката порта, но мора да дојде до улицата „Бернауер“. И’ остануваат само уште триесет минути. Дали Ана ќе успее доволно бргу да помине низ толпата луѓе, која е насобрана во градот што порано беше поделен?

The episode Mission Berlin 22 – Време е за акција from the podcast Mission Europe – Mission Berlin | Учење германски | Deutsche Welle has a duration of 5:00. It was first published 20 Jun 16:04. The cover art and the content belong to their respective owners.

More episodes from Mission Europe – Mission Berlin | Учење германски | Deutsche Welle

Mission Berlin 26 – Експерименти со времето

По враќањето во сегашноста, Ана се обидува заедно со Паул да ја блокира временската машина. Но, таа ја нема шифрата. Ана ја следи музиката и одненадеж се појавува жената во црвено. Ана е повторно во сегашноста и на Паул му го покажува ’рѓосаниот клуч со кој треба да ја блокираат временската машина. Но, и’ недостасува потребната шифра. Ана се обидува со името на композиторот Дахфег, односно нотите што го сочинуваат неговото име. Во последен момент се појавува жената во црвено и бара да и’ го дадат клучот. Ана го става клучот во временската машина и ја внесува шифрата. Дали жената во црвено ќе успее да го спречи уништувањето на временската машина или наскоро таа, како и машината, ќе стане само дел од историјата?

Mission Berlin 25 – Работите не се одвиваат според планот

Времето изминува и Ана мора да се раздели од Паул за да се врати на деветти ноември 2006 година. За исполнување на нејзината мисија и’ остануваат уште пет минути. Дали Ана ќе има доволно време? Соиграчот ја советува Ана да го искористи метежот во Берлин за да исчезне. Но, Ана не сака да отпатува без да се збогува со Паул. Таа ги меморира резултатите на играта и открива дека ’рѓосаниот клуч е еден од двата клуча за решавање на загатката. Другиот клуч е музиката. Но, дали Ана ќе успее да стигне навреме и да го спречи најлошото? За успешно завршување на мисијата на Ана и’ остануваат уште само пет минути.

Mission Berlin 24 – Часовникот отчукува

Ана ја наоѓа металната футрола, што ја скри во 1961 година, но не може да ја отвори, бидејќи е ’рѓосана. Најпосле, сепак успева да ја отвори и во неа наоѓа стар клуч. Дали е тоа клучот за тајната? Времето лета, а Ана мора да ја отвори металната футрола. Но, соиграчот ја предупредува да не ја отвора футролата во туѓо присуство. Најпосле, таа во футролата наоѓа стар ’рѓосан клуч. Но, мора колку што е можно побргу да се врати во 2006 година, за да се пресмета со жената во црвено. Дали таа има доволно време за тоа?

Mission Berlin 23 – Се гледаме подоцна

Момче со мопед ја превезува Ана до улицата „Бернауер“. Тоа е Емре Огур, кој и’ помага и и’ посакува многу среќа во Берлин. Соиграчот на компјутерската игра ја советува Ана да најде превоз до улицата „Бернауер“, оти времето истекува. Младото момче Емре Огур, кој подоцна станува инспектор, ја превезува Ана со мопед. Но, во моментот кога Ана ги среќава Хајдрун и Паул, се појавува и жената во црвено. Паул и Роберт, сопругот на Хајдрун, успеваат да ја избркаат. За тоа време Ана се обидува да ја земе футролата. Но, дали футролата по толку години се’ уште е во скривалиштето?

Mission Berlin 22 – Време е за акција

Ана пристигнува во Берлин во 1989 година, каде што се слави падот на Берлинскиот ѕид. Таа мора да се пробие низ толпата луѓе и да ја пронајде футролата. Дали ќе успее? Кога Ана сака да отпатува кон 1989 година, се појавуваат моторџиите со црни шлемови. Жената во црвено им наредува да ја пронајдат Ана и да ја донесат жива! Сепак, Ана со временската машина успева навреме да се врати на денот на падот на Берлинскиот ѕид. Таа повторно се наоѓа сред толпата луѓе кај Бранденбуршката порта, но мора да дојде до улицата „Бернауер“. И’ остануваат само уште триесет минути. Дали Ана ќе успее доволно бргу да помине низ толпата луѓе, која е насобрана во градот што порано беше поделен?