Mission Europe – Mission Berlin | Учење германски | Deutsche Welle cover logo
RSS Feed Apple Podcasts Overcast Castro Pocket Casts
Macedonian
Non-explicit
dw.com
4:48

We were unable to update this podcast for some time now. As a result, the information shown here might be outdated. If you are the owner of the podcast, you can validate that your RSS feed is available and correct.

It looks like this podcast has ended some time ago. This means that no new episodes have been added some time ago. If you're the host of this podcast, you can check whether your RSS file is reachable for podcast clients.

Mission Europe – Mission Berlin | Учење германски | Deutsche Welle

by DW.COM | Deutsche Welle

Mission Europe ist ein Sprachkurs für Anfänger und besteht aus den Krimis Mission Berlin, Misja Kraków und Mission Paris. Taucht jetzt ein in die Welt der Sprachen und lernt Deutsch, Polnisch oder Französisch!

Copyright: 2024 DW.COM, Deutsche Welle

Episodes

Mission Berlin 26 – Експерименти со времето

5m · Published 20 Jun 16:25
По враќањето во сегашноста, Ана се обидува заедно со Паул да ја блокира временската машина. Но, таа ја нема шифрата. Ана ја следи музиката и одненадеж се појавува жената во црвено. Ана е повторно во сегашноста и на Паул му го покажува ’рѓосаниот клуч со кој треба да ја блокираат временската машина. Но, и’ недостасува потребната шифра. Ана се обидува со името на композиторот Дахфег, односно нотите што го сочинуваат неговото име. Во последен момент се појавува жената во црвено и бара да и’ го дадат клучот. Ана го става клучот во временската машина и ја внесува шифрата. Дали жената во црвено ќе успее да го спречи уништувањето на временската машина или наскоро таа, како и машината, ќе стане само дел од историјата?

Mission Berlin 25 – Работите не се одвиваат според планот

5m · Published 20 Jun 16:18
Времето изминува и Ана мора да се раздели од Паул за да се врати на деветти ноември 2006 година. За исполнување на нејзината мисија и’ остануваат уште пет минути. Дали Ана ќе има доволно време? Соиграчот ја советува Ана да го искористи метежот во Берлин за да исчезне. Но, Ана не сака да отпатува без да се збогува со Паул. Таа ги меморира резултатите на играта и открива дека ’рѓосаниот клуч е еден од двата клуча за решавање на загатката. Другиот клуч е музиката. Но, дали Ана ќе успее да стигне навреме и да го спречи најлошото? За успешно завршување на мисијата на Ана и’ остануваат уште само пет минути.

Mission Berlin 24 – Часовникот отчукува

5m · Published 20 Jun 16:14
Ана ја наоѓа металната футрола, што ја скри во 1961 година, но не може да ја отвори, бидејќи е ’рѓосана. Најпосле, сепак успева да ја отвори и во неа наоѓа стар клуч. Дали е тоа клучот за тајната? Времето лета, а Ана мора да ја отвори металната футрола. Но, соиграчот ја предупредува да не ја отвора футролата во туѓо присуство. Најпосле, таа во футролата наоѓа стар ’рѓосан клуч. Но, мора колку што е можно побргу да се врати во 2006 година, за да се пресмета со жената во црвено. Дали таа има доволно време за тоа?

Mission Berlin 23 – Се гледаме подоцна

5m · Published 20 Jun 16:10
Момче со мопед ја превезува Ана до улицата „Бернауер“. Тоа е Емре Огур, кој и’ помага и и’ посакува многу среќа во Берлин. Соиграчот на компјутерската игра ја советува Ана да најде превоз до улицата „Бернауер“, оти времето истекува. Младото момче Емре Огур, кој подоцна станува инспектор, ја превезува Ана со мопед. Но, во моментот кога Ана ги среќава Хајдрун и Паул, се појавува и жената во црвено. Паул и Роберт, сопругот на Хајдрун, успеваат да ја избркаат. За тоа време Ана се обидува да ја земе футролата. Но, дали футролата по толку години се’ уште е во скривалиштето?

Mission Berlin 22 – Време е за акција

5m · Published 20 Jun 16:04
Ана пристигнува во Берлин во 1989 година, каде што се слави падот на Берлинскиот ѕид. Таа мора да се пробие низ толпата луѓе и да ја пронајде футролата. Дали ќе успее? Кога Ана сака да отпатува кон 1989 година, се појавуваат моторџиите со црни шлемови. Жената во црвено им наредува да ја пронајдат Ана и да ја донесат жива! Сепак, Ана со временската машина успева навреме да се врати на денот на падот на Берлинскиот ѕид. Таа повторно се наоѓа сред толпата луѓе кај Бранденбуршката порта, но мора да дојде до улицата „Бернауер“. И’ остануваат само уште триесет минути. Дали Ана ќе успее доволно бргу да помине низ толпата луѓе, која е насобрана во градот што порано беше поделен?

Mission Berlin 21 – Нов план

5m · Published 20 Jun 15:59
Ана се враќа во 2006 година. Жената во црвено го киднапира свештеникот Кавалиер. Бидејќи не може да открие каде го кријат свештеникот, Ана патува во ноќта кон деветти ноември 1989 година, кога паѓа Берлинскиот ѕид. Назад во 2006 година, Ана дознава од Паул дека свештеникот исчезнал. Него го киднапирала жената во црвено. Паул очигледно има повеќе информации за свештеникот и временската машина, но тие немаат време да разговараат за тоа. Ана прифаќа да се врати во вечерта на деветти ноември 1989 година. Таму затекнува град во потполна еуфорија што го слави падот на Берлинскиот ѕид. Ана сака да го искористи метежот и без да ја забележат да ја земе футролата.

Mission Berlin 20 – Од едно во друго време

5m · Published 20 Jun 15:53
Ана е се’ уште далеку од решението на загатката. Кој настан сака да го спречи организацијата РАТАВА? По враќањето во 2006 година, следното патување ја води Ана во 1989 година. Но, дали овие скокови низ времето се опасни? По емоционалната разделба од Паул, Ана се враќа во 2006 година. Таа има уште триесет и пет минути да ја заврши нејзината мисија. Ана и соиграчот се’ уште погодуваат кој е историскиот настан што организацијата РАТАВА сака да го спречи. Одеднаш им станува јасно дека терористите не ги интересира подигањето, туку падот на Берлинскиот ѕид. Соиграчот одлучува Ана веднаш да отпатува во 1989 година, за да го доживее паѓањето на Ѕидот.

Mission Berlin 19 – Љубов за време на Студената војна

5m · Published 20 Jun 15:48
Ана и Паул успеваат да и’ побегнат на жената во црвено и пристигнуваат во Западен Берлин. Паул и’ признава на Ана дека ја сака и со тоа уште повеќе ја заплеткува ситуацијата. Дали љубовта е шанса или пречка? Ана мора да стигне до Источен Берлин за да ја исполни својата мисија. Но, поради ситуацијата во градот, таа е принудена да остане во Западен Берлин. Има уште еден проблем: Во таквата тешка ситуација Паул и’ признава на Ана дека ја сака. Тој и’ вели да се откаже од нејзината мисија. Но, соиграчот сака да ја врати Ана назад во 2006 година, за да направи нов план. Дали преостанатите триесет и пет минути се доволни за да се најде решение?

Mission Berlin 18 – Скриената футрола

5m · Published 20 Jun 15:43
Ана открива дека жената во црвено е шефицата на РАТАВА. Остануваат уште само четириесет и пет минути до крајот на играта. Најважен патоказ за Ана е металната футрола што ја скрила жената во црвено. Одејќи кон улицата „Бернауер“, Хајдрун, Паул и Ана го среќаваат Роберт, сопругот на Хајдрун. Тој ги известува дека низ целиот град има војници. Но, ситуацијата се заострува: повторно се појавуваат моторџиите со црни шлемови. Ана, Паул, Хајдрун и Роберт се засолнуваат во дворот од старата пиварница. Се појавува жената во црвено и Паул и’ објаснува на Ана дека таа е шефица на организацијата РАТАВА. Ана и Паул ја следат и забележуваат дека таа во подрумот крие метална футрола. Тие се спречени да ја земат футролата со себе и затоа мораат да ја скријат на друго место. Соиграчот на компјутерската игра ветува дека ќе најде решение како тие подоцна повторно да ја земат. Но, дали преостанатото време од четириесет минути ќе им биде доволно?

Mission Berlin 17 – Поставување барикади

5m · Published 20 Jun 15:33
Уште педесет минути: соиграчот одлучува да ризикува се’ и да и’ верува на касиерката. На радио јавуваат дека војниците од Источна Германија поставуваат барикади. Ана се’ уште не забележала дека касиерката е Хајдрун Драј. Соиграчот ја советува Ана да и’ верува на жената која сака да и’ помогне. И покрај тоа што нејзиниот брат Паул се двоуми, на крајот сепак и тој се согласува да и’ помогнат на Ана да побегне од моторџиите. Ана, Паул и Хајдрун гледаат како армијата од Источна Германија поставува огради од бодликава жица. Соиграчот и’ објаснува на Ана дека тоа е почетокот на изградбата на Берлинскиот ѕид. На Ана и’ остануваат уште само четириесет и пет минути да ја спаси Германија.

Mission Europe – Mission Berlin | Учење германски | Deutsche Welle has 26 episodes in total of non- explicit content. Total playtime is 2:05:00. The language of the podcast is Macedonian. This podcast has been added on November 23rd 2022. It might contain more episodes than the ones shown here. It was last updated on February 8th, 2023 01:07.

More podcasts from DW.COM | Deutsche Welle

Every Podcast » Podcasts » Mission Europe – Mission Berlin | Учење германски | Deutsche Welle