Radio D | Учење германски | Deutsche Welle cover logo
RSS Feed Apple Podcasts Overcast Castro Pocket Casts
Macedonian
Non-explicit
dw.com
15:00

We were unable to update this podcast for some time now. As a result, the information shown here might be outdated. If you are the owner of the podcast, you can validate that your RSS feed is available and correct.

It looks like this podcast has ended some time ago. This means that no new episodes have been added some time ago. If you're the host of this podcast, you can check whether your RSS file is reachable for podcast clients.

Radio D | Учење германски | Deutsche Welle

by DW.COM | Deutsche Welle

Paula und Philipp recherchieren mysteriöse Fälle. Folgen Sie den Redakteuren von Radio D quer durch Deutschland und lernen Sie dabei die deutsche Sprache! Dieser Kurs trainiert in besonderer Weise das Hörverstehen.

Copyright: 2024 DW.COM, Deutsche Welle

Episodes

Лекција 26 – Збогување со Ајхан

15m · Published 02 May 14:53
Тажна вест: Колегата Ајхан се збогува и се сели во Турција. Иако колегите му приредија изненадување, на забавата нема весело расположение. Кога Паула утрото пристигна во канцеларијата, ги затекна подготовките за забавата. Но, причината за прославата воопшто не и’ се допаѓа. Ајхан ја напушта редакцијата на Радио Д и заминува за Турција за да му помогне на татко му. За збогум во редакцијата се држи и мал говор, а има и подарок за Ајхан, што треба да го потсетува на неговата пријателка Ојлалија. Поради прославата на денот, Професорот во оваа епизода се откажува од граматичките единици. Но, сепак не може да одолее да ги спомне сложенките.

Лекција 25 – Поздравување на бродовите

15m · Published 02 May 14:52
Уредниците се обидуваат да го истражат значењето на зборот „getürkt“. Освен тоа, посетуваат необично пристаниште, каде секој брод добива посебен поздрав.Во пристаништето Вилком-Хефт бродовите ги поздравуваат со националната химна на земјата, под чие знаме пловат. Во форма на радиодрама Паула и Филип потсетуваат на почетоците на оваа традиција. Со тоа е поврзано можното објаснување за значењето на зборот „getürkt“. За тоа време Ајхан чека во редакцијата и времето го минува читајќи книга за утки. Ајхан и чита на Ојлалија, бидејќи таа не знае да чита. И во оваа епизода повторно станува збор за глаголски префикси. Како се менува значењето на глаголот преку префиксот?

Лекција 24 – Весникот: "Хамбургер цајтунг"

15m · Published 02 May 14:51
Утката Ојлалија ги наведува урединиците на вистинската трага. Тие откриваат дека колегите од весникот „Хамбургер цајтунг“ ги имаат замешано прстите во оваа игра. Паула, Филип и Ојлалија откриваат дека весникот „Хамбургер цајтунг“ ја измислил приказната со наводната ајкула за да го зголеми тиражот. Подоцна меѓу Филип и Паула избива караница околу користењето на еден збор. Поканата на Филип, заедно со Паула да го посетат пристаништето Вилком-Хефт, треба да ја смири неговата пријателка. Доколу Филип внимаваше на изборот на зборови, Паула немаше да се налути. Нијансите понекогаш се важни и кај префиксите на глаголите. Некои префикси го одредуваат значењето на глаголот. Исто така треба да се внимава на одделувањето на префиксот од глаголот кај одредените форми.

Лекција 23 – Нуркач со перка од ајкула

15m · Published 02 May 14:49
Паула и Филип ја решаваат загатката околу наводната ајкула и уште еднаш откриваат измама. На почетокот не им е јасна причината за оваа случка. Неочекувана помош пристигнува од утката Ојлалија. Во потрага по исчезнатиот сурфер Паула и Филип среќаваат нуркач и тоа ги наведува на решение на загатката за ајкулата. Нуркачот со перка на грбот го преплаши половина Хамбург. Но зошто го прави тоа? Ојлалија, која во меѓувреме пристигна во Хамбург, може да помогне. И таа има некои сознанија. Ојлалија, со нејзината набљудувачка мисија ја воведува формата за минато време перфект. Посебно внимание заслужува градењето на партицип перфект.

Лекција 22 – Исчезнатиот сурфер

15m · Published 02 May 14:46
Филип и Паула тргнуваат по трагите на ајкулата. Тие откриваат нешто многу чудно. Штица за сурфање, но без сурфер. Нивното внимание го привлекува и збунувачки напис во весник. Малку понастрана од турканицата двајцата уредници се обидуваат да дознаат што се крие зад приказната со мистериозната ајкула. Со оглед на скршената штица за сурфање без сурфер може да се очекува најлошото. Тогаш во весникот „Хамбургер цајтунг“ откриваат уште и фотографија од ајкулата... и нивните колеги Лаура и Паул, кои навистина изгледаат преплашени. Но, како сево ова да се поврзе? Барем во граматиката некои работи се совпаѓаат. Во оваа епизода тежиштето се става на заменките "sie" и "er", кои како и во претходната глава и’ се прилагодуваат на именката.

Лекција 21 – Ајкула во Хамбург

15m · Published 02 May 14:44
Со оглед на неподносливите температури во редакцијата на Радио Д, на уредниците добро им доаѓа задачата што треба да ја извршат на море. Паула и Филип патот ги води кон Хамбург. На Паула, Филип и Ајхан не им е лесно. Горештината во канцеларијата е неподнослива, а нема ни вентилатор. Компу лесно може да ја исполни желбата на Паула за излет на езеро или море. Уредниците мораат да заминат во Хамбург, каде на пристаништето е видена ајкула. Уредниците не можат да се пробијат поради толпата луѓе кои се собраа заради ајкулата. Компликувано станува и за Професорот. Овојпат целосно се посветува на наставката на членот во машки род во акузатив. Негацијата "kein" по истата шема и’ се прилагодува на именката.

Лекција 20 – Анкета меѓу слушателите

15m · Published 02 May 14:40
Паула и Филип ги прашуваат слушателите за мислење. Тема во емисијата е: „Може ли лагата да биде грев?“ "Може ли лагата да биде грев?" Ова прашање Паула и Филип им го поставуваат на слушателите. Повод се круговите во житното поле, за кои известуваа двајцата уредници. Дали измамата на селаните е за осуда или наивните туристи се самите одговорни за тоа? Одговорите на слушателите се еднозначни. За разлика од слушателите, кои на прашањето на редакцијата можат да одговорат со да или не, Професорот поставува задача со три можни одговори. Во германскиот, покрај женскиот и машкиот род, постои и среден род. Тоа се појаснува со членовите "der", "die" и "das".

Лекција 19 – Измамата е откриена

15m · Published 02 May 14:39
Иако се знае дека круговите во полето ги направиле селаните, Ојлалија цврсто верува дека постојат НЛО. Во потрага по мислењето на селаните за измамата со круговите, патот Паула и Филип ги води во локалната кафеана. Паула и Филип ја открија измамата со круговите во житните полиња, но не се сосема сигурни, дали можеби сепак постојат НЛО–а. И што значи всушност кратенката НЛО? Ојлалија може да им помогне, и дури тврди дека видела едно НЛО. Конечно двајцата уредници во локалната гостилница ги прашуваат гостите што мислат тие за круговите во житото. Мислењето на гостите е добра можност да се воведе претеритумот. Повеќе внимание ќе му посветиме на неправилниот глагол "sein". Уште еднаш ќе се навратиме и на модалниот глагол "können". Притоа внимавајте на промената на вокалот во глаголската основа.

Лекција 18 – Ноќно посматрање

15m · Published 02 May 14:36
Паула и Филип се обидуваат да ја откријат тајната за мистриозните кругови, со тоа што ги набљудуваат полињата. Она што го откриваат, е спротивно на теоријата дека круговите се дело на вонземјани. Додека досетливиот сопственик на полињата преку ден им наплатува на туристите пет евра за дозвола за сликање, кога падна ноќта Паула и Филип се скрија во шумата. Тие чекаат да се појават НЛО-а. Наместо нив доаѓаат двајца мажи со машина. Дали ги направија круговите во полето за да привлечат туристи? Но, се чини дека сепак се појавува НЛО, што предизвика збунетост. Помалку збунувачки од случувањата во житното поле е глаголот "machen", кој е многустран. Професорот покажува голем број случаи во кои се употребува овој глагол.

Лекција 17 – Житни кругови

15m · Published 02 May 14:32
Мистериозни кругови во житно поле се новиот предизвик за Паула и Филип. Станува збор за писта за слетување на НЛО или некој сака да заработи на сметка на љупобитните? Кога Ајхан доаѓа во редакцијата, Паула и Филип веќе се заминати да направат репортажа. Во житно поле се пронајдени загадочни кругови за кои никој не може да објасни како настанале. Оваа атракција е привлечна не само за двајцата туристи, туку и за многу туристи, па селаните брзо открија како може да извлечат корист од неа. Во масата посетители има луѓе со различни интереси. Туристите сакаат да ја задоволат љубопитноста, уредниците да ја решат загатката, а селаните да заработат многу пари. Се создава можност за подробно да се разгледа модалниот глагол „wollen“.

Radio D | Учење германски | Deutsche Welle has 26 episodes in total of non- explicit content. Total playtime is 6:30:00. The language of the podcast is Macedonian. This podcast has been added on November 27th 2022. It might contain more episodes than the ones shown here. It was last updated on February 8th, 2023 01:40.

More podcasts from DW.COM | Deutsche Welle

Every Podcast » Podcasts » Radio D | Учење германски | Deutsche Welle